Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека вратите на НАТО се отворени, но дека Алијансата ќе се фокусира на помагање на Киев.
– Секоја земја има право да си го дефинира својот пат. Вратите на НАТО се отворени, но Алијансата ќе се концентрира на помагање на Киев – рече Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО, исто така, смета дека мобилизацијата на поголем број војници и нелегалната анексија на делови од Украина претставува ескалација на руската војна во земјата.
– Овие акции претставуваат „најсериозна ескалација на конфликтот откако Москва го започна конфликтот во Украина во февруари – додаде Столтенберг.
– Путин мобилизираше уште стотици илјади војници, се вклучи во неодговорно штракање со нуклеарна сабја и сега незаконски анектираше повеќе украинска територија. Заедно, ова претставува најсериозна ескалација од почетокот на војната – рече Столтенберг на прес-конференцијата, пренесуваат странските медиуми.