Фото: Принт-скрин

Во Киев денеска се огласија сирените за воздушен напад веднаш по почетокот на самитот на НАТО во Вилнус.

Како што пренесуваат британските медиуми, тревогата е огласена откако е откриено полетување на руските воени авиони опремени со хиперсонични ракети од типот „кинжал“.

Градските власти во Киев испратија предупредување на сите мобилни телефони во 15 часот по локално време, повикувајќи ги жителите веднаш да одат во засолништата. Алармот е објавен откако руски борбен авион МиГ-31К полета од воздухопловната база Саваслејка во западниот руски регион Нижни Новгород.

Иако ваквите летови се одржуваат редовно, Кремљ има навика да го напаѓа Киев во симболични моменти за да испрати политичка порака.