Халифа Хафтар (втор од лево кон десно) заедно со неговите соработници

Либиската национална армија на генералот Калифа Хафтар (ЛНА), која започна офанзива на Триполи, седиштето на меѓународно призната влада, ѝ даде на полицијата на Мисрата, која го брани градот, рок од три дена да се повлече.

Во соопштението, ЛНП ја предупредува милицијата да се повлече од Триполи и Сирт или во спротивно Мисрата ќе биде цел на секојдневни напади.

Борбите за Триполи траат веќе четири месеци, а минатата недела генералот Калифа Хафтар објави дека започнала круцијална битка за главниот град.

Најавата од силите на Хафтар следуваше по воздушните напади што ги извршиле во магацин на турско оружје и воена опрема во Триполи.

Нападот предизвика осуда на премиерот Фајез Сара, кој рече дека има цивилни жртви.