Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека не прифаќа да нема приказ на американски воени тенкови на настанот кој го организира во Вашингтон по повод прославата на 4 Јули – денот на независноста на САД, пренесува „Гардијан“.

Трамп сакаше тенковите да бидат донесени на настанот, но откако локалните власти се побунија беше одлучено тие да бидат стационирани во близина.

Претседателот сакаше воена парада на тенкови и друга опрема откако беше сведок на слична таква парада на Денот на Бастилја во Париз во 2017 година. Но тој план евентуално беше отфрлен, делумно поради трошоците, но и поради тоа што локалните власти сметаат дека тешките тенкови можат да направат штета на улиците.