Принцот Вилијам беше пречекан со хонги, традиционален маори поздрав со притискање на носовите

За време на неговата посета на Нов Зеланд, британскиот принц Вилијам беше пречекан со хонги, традиционален маори поздрав со притискање на носовите, од страна на премиерката Џасинда Ардерн, за време на комеморациите кои беа одржани во чест на нападите во Крајстчрч.

Вилијам беше дочекан со традиционален поздрав хонги, а потоа заедно со Ардерн присуствуваа на комеморацијата во Окленд пред да отпатуваат за Крајстчрч, пренесува „Гардијан“.

Принцот Вилијам положи венец на споменикот во Окленд за време на комеморациите пред да замине за Крајстчрч

Шест недели откако се случи нападот на двете џамии во Крајстчрч, Вилијам е во посета на Нов Зеланд во име на кралицата, со цел да ги посети семејствата на жртвите. Тој исто така го посети Крајстчрч во 2011 година, откако се случи катастрофален земјотрес во кој животот го загубија 185 лица.

– Навистина сум благодарна што принцот Вилијам го посети Нов Зеланд за да ја даде својата поддршка за оние кои беа погодени од нападот и да покаже солидарност и сочувство – изјави премиерката Арднер.

Маршутата на принцот Вилијам не е позната и се држи во тајност поради безбедносни причини, а постојат и зголемени сомнежи и претпазливост поради стравувањето од нови терористички напади.