Најмалку 20 лица загинаа, а 40 луѓе се повредени во пожарот на главната железничка станица во Каиро, јави египетската државна телевизија.

Причина за пожарот е експлозија на резервоар за гориво на брз воз, што се движел кон станицата во центарот на градот.

Директорот на една од каирските болници Мохамед Саид рече дека очекува бројот на жртвите да биде поголем.

Подрачјето околу железничката станица е покриено со густ облак од црн чад.