Државното обвинителство на Чешка објави дека од полицијата добило предлог за поднесување обвинение против премиерот Андреј Бабиш поради наводна злоупотреба на европски субвенции.

Полицијата го сомничи Бабиш за привремено одвојување фарма во близина на Прага од големиот земјоделско-прехранбен холдинг „Агроферт“ во 2007 година, со цел да добие европски средства за мали бизниси.

Бабиќ (66), кој има словачко потекло и е петти најбогат Чех според „Форбс“, негира дека сторил нешто незаконско.

– Документацијата за случајот денес му е предадена на главниот државен обвинител задолжен за надзор, заедно со обвиненителниот предлог на полицијата – се вели во соопштението на државното Обвинителство во Прага.

– Главниот државен обвинител сега ќе ги проучи документите и ќе одлучи дали ќе поднесе обвинение, ќе се откаже од гонењето или ќе постапи на друг начин – се додава во него.

Бабиш, поранешен комунист, кој бил соработник на тајната полиција во Чехословачка во 80-тите години на минатиот век, претходно беше цел на Европската комисија поради судир на интереси.

Бабиќ ја предводи владата на малцинската коалиција, во која учествуваат неговото популистичко движење АНО и социјалдемократите.