Кинеските служби за итни случаи евакуираа 4.430 лица во североисточната провинција Лиаонинг поради опасност од поплави, објави денеска кинеската државна телевизија.

Според извештајот, обилните дождови предизвикаа нивото на водата во 13 помали резервоари да го надмине критичното ниво, пренесува руската агенција ТАС С.

Обилните дождови предизвикаа одрони на планините, а најмалку еден автопат беше блокиран со уривање.

Властите ги повикуваат локалните жители да не ги посетуваат планинските области.

Најсилните дождови беа регистрирани во префектурата Бенси, каде што наврна два и пол пати поголемо количество дожд од вообичаеното за оваа сезона.

Метеоролозите предвидуваат дека дождовите ќе продолжат и во наредните два дена.