Франција ќе започне кампања за укинување на смртната казна низ целиот свет, како дел од претстојното претседателство со Европската Унија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

– Во Париз ќе се одржи конференција, на која ќе се соберат цивилни групи од земјите каде што постои или е суспендирана смртната казна – рече Макрон во говорот по повод 40-годишнината од укинувањето на смртната казна во Франција.

Франција е 35 -та земја во светот што ја укина смртната казна. Сепак, јавноста е се уште многу поделена кога станува збор за ова прашање, анализираат француските медиуми.

– Франција, која ќе претседава со Советот на ЕУ во првата половина на 2022 година, исто така, ќе работи со другите земји -членки на резолуцијата на Обединетите Нации, која ќе бара од државите да известуваат за бројот на смртни казни и егзекуции секоја година – рече тој.