Германија во петокот ја класифицира Велика Британија како „ризична земја“ и ги забрани сите патувања со земјата, освен суштинските. Германските граѓани што ќе се враќаат од Кралството ќе треба да одат во карантин од 23 мај. Германската амбасада во Лондон соопшти дека новата класификација се должи на „локална трансмисија на позаразните варијанти на вирусот, како индиската“. Велика Британија откри над 3.850 случаи на индиската варијанта и нејзините мутации, со тоа што е регистрирано неделно зголемување од 160 отсто во последните седум дена. Мутацијата Б.1.617 првпат беше откриена во Индија, во октомври, и се прошири во над 50 држави во светот.
Европската Унија планира да го олесни слободното патување во рамките на блокот за вакцинираните, оздравените или оние што имаат негативен тест на коронавирус. Се очекува ова да стапи во сила во наредната една-две недели. Сите европски земји ќе треба да усвојат дигитални сертификати со помош на апликација почнувајќи од 1 јули. За влез во Велика Британија, патниците од портокаловата листа, како САД, мора да одат во десетдневна изолација. Кралството ќе ја додаде Америка на зелената листа пред претстојниот самит на Г7, кој ќе се одржи во јуни во