Иран ќе продолжи со ракетните тестирања со цел да ја зајакне својата одбрана, изјави денеска висок воен претставник откако американскиот државен секретар Мајк Помпео наведе дека Техеран извршил нова ракетна проба.

– Тестирањето ракети… се спроведува поради одбрана на земјата и превенција и ќе продолжиме со тоа, истакна портпаролот на иранската армија генерал Аболфазл Шекарчи.

Тој ниту потврди ниту демантираше дали Иран извршил ново тестирање на ракети.

Помпеo вчера го осуди иранското тестирање на балистички ракети со среден дострел, кои можат да носат боеви глави, предупредувајќи дека тоа е кршење на меѓународниот Договор за нуклеарната програма на Техеран.