Првите пациенти денес пристигнале во болницата изградена за 10 дена, како дел од напорите на Кина за борба против новиот вирус.

Болницата Хуошеншан со 1.000 кревети и вториот објект со вкупно 1.500 легла што би требало да биде отворен неделава, беа изградени од градежни екипи кои работат деноноќно во Вухан, градот во централна Кина каде што епидемијата за првпат е откриена во декември минатата година. На повеќето од 11-те милиони луѓе во градот им е забрането да ја напуштат областа.

Центарот за лечење во Вухан е втор случај кога кинеските лидери одговорија на новото заболување со изградба на специјализирани болници безмалку прекуноќ. Првпат кога тешкиот акутен респираторен синдром, или САРС, се прошири во 2003 година, во Пекинг беше изграден објект за пациенти со таа вирусна болест за една недела.

Утринава првите пациенти пристигнале во болницата Хуошеншан, пренесуваат државните медиуми. Во извештаите нема детали за идентитетот или состојбата на пациентите.

Военото крило на владејачката Комунистичка партија, Народноослободителната армија, испрати 1.400 лекари, медицински сестри и друг персонал во болницата во Вухан, соопшти официјалната новинска агенција Ксинхуа. Кинеската влада претходно соопшти дека дел од персоналот имаат искуство во борбата против САРС и други епидемии.

Властите го прекинаа скоро сиот патнички железнички и воздушен пристап до Вухан и околните градови, изолирајќи околу 50 милиони луѓе, во обид да ја сопрат вирусната епидемија од која до сега се заболени повеќе од 17.000 и усмрти повеќе од 360 луѓе.

Болницата Хуошеншан е изградена од екипа од седум илјади работници меѓу кои имаше столари, водоводџии, електричари и други специјалисти, јавува новинската агенција „Синхуа“. На фотографиите во државните медиуми се прикажани работници во зимска облека, безбедносни кациги и маски во хируршки стил што ги носат милиони Кинези како заштитаво од вирусот.

Скоро половина од двокатната зграда од 60 илјади квадратни метри се оддели за изолација, според владиниот весник „Јангце Дејли“. Има 30 одделенија за интензивна нега.

Лекарите можат да разговараат со надворешни експерти преку видео-систем што ги поврзува во општата болница ПЕК во Пекинг, според весникот „Јангце Дејли“, додавајќи дека системот е инсталиран за помалку од 12 часа од 20-член тим од „Вухан Телеком Ел Те Де“.

Зградата има специјализирани системи за вентилација и двострани кабинети кои ги поврзуваат просториите на пациентите со ходниците и му овозможуваат на болничкиот персонал да доставува резерви без да влегува во просториите.

Болницата доби донација „медицински роботи“ од кинеска компанија за испорака на лекови и носење примероци за тестирање, според шангајскиот весник „Пејпер“.

Во другите градови, владата одредила кои ги болници да третираат случаите со новиот вирус.

Во Пекинг, болницата Сиаотангшан, изградена во 2003 година за САРС, се реновира од градежните работници. Владата допрва треба да каже дали може да се користи за пациенти со нова болест.