Рекордна количина од неколку стотици килограми кокаин е пронајдена во пакети со банани во супермаркети од синџирот „Алди“ во Росток, североисточна Германија.

Како што јави Си-ен-ен, дрогата била пронајдена во пакети со банани во шест продавници на „Алди“ во Росток и во логистичкиот центар на компанијата во градот Јармен.

Полицијата претпоставува дека дрогата е од Латинска Америка.

Претставници на синџирот супермаркети за Си-ен-ен потврдиле дека се „случил инцидент“, но не откриле дополнителни информации за да не се влијае на текот на истрагата.