Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, изјавил дека поморските мини кои нанесоа штета на танкери за нафта во Омански Залив на почетокот на месецов, речиси сигурно се поставени од страна на Иран, пренесува Би-би-си.
Болтон не прикажал никакви докази за да го потврди ова тврдење.
Иран негираше вклученост во нападите на источниот брег на 12 мај, во кои беа оштетени четири брода.
Инцидентот се случи токму кога ескалираа тензиите помеѓу Иран и САД.
Минатиот петок, вицеадмиралот на САД, Мајкл Гилдеј, изјавил дека верува со висок степен на сигурност дека нападот произлегува од водството на Иран на највисоки нивоа.
– Никој во Вашингтон не се сомнева кој е одговорен за ова. Кој друг мислиш дека стои зад ова? Некој од Непал – изјавил Болтон.