Високиот суд во Лондон денеска го отфрли правниот случај против суспендирањето на парламентот од страна на британскиот премиер Борис Џонсон пред брегзитот.
Но, судот рече дека случајот, кој го покрена Џина Милер од предизборната кампања против брезит, може да биде поднесен во Врховниот суд за жалба.
Поддржан од Џон Мејор, поранешен премиер на Велика Британија, случајот е еден од трите поднесени откако Џонсон објави дека парламентот ќе биде суспендиран 90 дена, до говорот на кралицата на 14 октомври.
-Ние сме многу разочарани од пресудата денес. Сметаме дека парламентарниот суверенитет е фундаментален за стабилноста и иднината на нашата земја и затоа вреди да се бориме за негова одбрана. Бидејќи нашата политика станува сѐ похаотична, станува многу поважно парламентот да опстои. Затоа сме задоволни што судиите дадоа дозвола да се жалиме до Врховниот суд со образложение дека нашиот случај има заслуги. Случајот се очекува да биде сослушан на 17 септември, додаде таа – изјави Милер.
Критичарите на премиерот тврдат дека тој се обидува да го замолчи парламентот како што се доближува крајниот рок за брегзит – 31 октомври. Џонсон рече дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ со или без договор, и дека тој повеќе би сакал „да биде мртов“ отколку да побара продолжување на рокот.