Водечката светска тенисерка Ешли Барти во Лондон ја победи Каролина Плишкова со резултат 6-3, 6-7 и 6-3 по сетови во финалето на гранслем-турнирот во Вимблдон. Австралијката на тој начин стигна до нејзиниот втор гранслем-трофеј во кариерата.

Првиот сет од женското финале донесе возбудлив тенис со пет брејка во осумте гема, додека Плишкова го освои вториот сет во тајбрејк и покрај тоа што Барти сервираше за мечот. Третиот сет помина во доминација на фаворитката која направи брејк во вториот гем и сигурно ја одржа предноста за да слави на крајот.

На последните 17 гранслем-турнири славеа 13 различни тенисерки, што јасно покажува дека конкуренцијата меѓу дамите е израмнета по завршувањето на доминацијата на Серена Вилијамс. Таа последен пат триумфираше на Австралија опен во 2017 година, а оттогаш до гранслем-трофеи доаѓаа Остапенко, Мугуруза, Стивенс, Возњацки, Халеп, Кербер, Осака, Барти, Андреску, Кенин, Швјонтек и Крејчикова на Ролан Гарос минатиот месец.