Фото: Маја Јаневска-Илиева

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ШКВ СКОПЈЕ 72

Шаховскиот клуб на ветерани Скопје 72 ќе го организира првиот еднодневен турнир во брз шах (пет минути плус три секунди по секој одигран потег) за ветерани „Еснаф 2025“, кој ќе се одржи во 10 кола (швајцарски систем), на 9 февруари во Скопје, со почеток во 10.30 часот. На него право на учество имаат сите шаховски ветерани од Скопје (не помлади од 60 години) и посебно поканети гости. Поради организациско-технички причини бројот на учесници се лимитира на 26 шахисти од пријавените, при што организаторот задржува право при поголем број пријавени да направи селекција според рејтингот на играчите. Судија на турнирот е Јовица Николовски, помошник Љубомир Хаџи-Манев, а директор Александар Сидоровски. Досега на турнирот се пријавени 28 шахисти, од кои четири ФИДЕ-мајстори (ФМ), а прворангиран е ФМ Љубиш Андоновски (2.253 рејтинг-поени). Г.И