Според план-календарот на Федерацијата за коњички спортови на Македонија, в недела со почеток во 11 часот на теренот на коњичкиот клуб Илинден од Скопје, на хиподромот во Маџари, ќе се одржат вториот Ноемвриски коњички турнир и шестото коло од отвореното Првенство на Македонија во прескокнување на пречки за 2022 година.

На програмата се пет натпревари во прескокнување на пречки и тоа во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти со височина на пречките 1–1,2 метри и широчина 1,4 метри. Г.И.