ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА СЕЗОНА
Многу алпски скијачки репрезентации се упатија кон јужната хемисфера на тренинг, а неколку од спортистите ја искористија можноста да се натпреваруваат на важни трки, како што се Купот на Јужна Америка, Националниот шампионат на Нов Зеланд, Купот на Австралија…, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС). Овие настани понудија драгоцено искуство за подготовка за зимската сезона и Светскиот куп (СК).
ФИС информира и за некои од повредените скијачи во минатата сезона, кои се подготвуваат за враќање на патеките. Софија Гоџа (олимписка шампионка од 2018 година, најдобра во спуст во СК во 2018, 2021, 2022 и во 2023 г.) се врати на снегот по повредите. Италијанската специјалистка за брзински трки се врати на снегот и реши заедно со медицинскиот персонал да ги извади шрафовите и плочките од стапалото, па не учествуваше на патувањето во Јужна Америка со италијанската селекција, но наскоро ќе се врати на скии, пишува ФИС. Валери Грениер (Канада, олимписка победничка во спуст во 2016 г.) по операциите на лигаментите, менискусот и на рамото, повторно е на снег, Корин Сутер (Швајцарија, победничка во спуст и во супервелеслалом во СК во 2020 г., светска шампионка во спуст во 2021 г. и олимписка првенка во спуст во 2020 г.) е пред враќање на тренинзите откако закрепна од повредата на коленото, Марко Шварц (Австрија, победник во слалом во СК во 2021 г., светски првак во комбинација во 2021 г.) по повредата на коленото неодамна го оперира грбот, неговото враќање на скијањето засега останува неизвесно, Александар Амод Килде (Норвешка, вкупен победник во СК во 2020 г., освојувач на по два мали кристални глобуси во супервелеслалом и во спуст од 2016 до 2023 г.) по краткото враќање на снегот, неговото закрепнување е во тек…, пишува ФИС.