КОЊИЧКИ СПОРТ – ПРВ ЈУНСКИ ТУРНИР ВО ПРЕСКОКНУВАЊЕ ПРЕЧКИ
На теренот на коњичкиот клуб Анималс од Скопје во населбата Дрма (Идризово) се одржаа првиот Јунски турнир и второто коло од Отвореното лига-првенство на Македонија за 2022 година. На програмата беа три натпревари во прескокнување пречки.
Во првиот натпревар, со височина на пречките од 0,9 до еден метар, т.н.,,лов на бодови“ во време од 70 секунди, победи Силја Дуковска со грлото „Најтингел“ од клубот Илинден со 950 бода, пред Петар Милошевски со грлото „Надја“ од КК Бравадос со 720 и Лија Кајев со грлото „Нур“ од КК Анималс со 680 бода.
Во вториот натпревар т.н. „растечки тешкотии“ со височина на пречките од 0,9 до 1,2 м со алтернативна пречка „џокер“, прва заврши Љупка Аврамовиќ со грлото „Колпо Гросо“ од КК Бравадос, пред Петар Милошевски со грлото „Надја“ од КК Бравадос и Дарио Гроздановски со грлото „Силванод“ од КК Анималс.
Во третиот натпревар, ревијален за дебитанти со почетна лиценца за прескокнување пречки со височина 60-70 см, сите што го завршија скокањето го делат првото место ,,екс-екво“. Тоа се: Кристина Антовска со грлото „Војвотка“ од КК Анималс, Лидија Бјуреневал со грлото „Прециоус“ од КК Анималс, Матеа Димовска со грлото „Војвотка“ од КК Анималс и Калина Колевска со грлото „Прециоус“ од КК Анималс.