Фото: ЕПА

ФУДБАЛ – КЛУПСКО СП 2023
Флуминенсе ќе игра за светската титула

Фудбалскиот првак на Јужна Америка, бразилскиот Флуминенсе, ќе игра во финалето задутре на клупското Светско првенство (СП) што се игра во Саудиска Арабија, по победата во полуфиналето на дуелот со шампионот на Африка, Ал Ахли од Египет, со 2-0. Синоќа на програмата беше второто полуфинале, помеѓу европскиот шампион Манчестер сити од Англија и првакот на Азија, Урава од Јапонија. Натпреварот за третото место на клупското СП 2023 е в петок, од 15.30 часот, а дуелот за светската клупска титула на програмата е истиот ден, од 19 часот. Н.М.


АЛПСКО СКИЈАЊЕ – СО ШЕСТАТА ПОБЕДА ПО РЕД ВО ВЕЛЕСЛАЛОМ

Одермат го надмина Хиршер, сега цели на серијата на Стенмарк

Швајцарецот Марко Одермат остана непоразен во велеслалом сезонава, постигнувајќи го својот втор триумф за 24 часа во Алта Бадија, достигнувајќи го подиумот четврти пат во долгиот викенд со трки на италијанските Доломити, во Светскиот куп во алпско скијање, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС). Откако беше предизвикан од Филип Зубчиќ (Хрватска) во првиот велеслалом, во неделата, Одермат го крена својот настап на друго ниво во понеделникот за да победи со предност од повеќе од една секунда, пред Марко Шварц (Австрија) и пред Жан Крањец (Словенија).
Олимпискиот и светски шампион доминира во велеслалом на начин што не е виден во машкото алпско скијање во претходните четири децении, пишува ФИС. Со шестата последователна победа во велеслалом во Светскиот куп, Одермат ја надмина серијата од пет триумфи на Марсел Хиршер (Австрија) во сезоната 2017/2018 и сега се наоѓа зад неверојатната серија на Ингемар. Стенмарк (Шведска) од 14 победи по ред од 1978 до 1980 година, пишува ФИС.
Згора, Одермат сега победи на 15 од изминатите 20 велеслаломски трки во Светскиот куп на кои учествуваше од почетокот на сезоната 2021/2022, стигнувајќи до подиумот во другите пет.
Одермат победи во вкупниот пласман во Светскиот куп во минатите две сезони, а сезонава води со 456 бода, потоа на табелата се Шварц со 364, Зубчиќ со 198… Н.М.