АТЛЕТИКА
Алмгрен прв од Европа истрча улична трка од 10 км побрзо од 27 минути
Шведскиот атлетичар Андреас Алмгрен (29) постави нов европски рекорд во улична трка на 10 километри, која се одржа во Валенсија (Шпанија), со резултат од 26 минути и 53 секунди, со што стана првиот Европеец што го минал ова растојание за помалку од 27 минути. На Европското првенство (ЕП) лани во Рим (Италија), Алмгрен беше четврти во трката на 10.000 метри, а на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз (Франција) не настапи поради повреда. Досега европскиот рекорд на ова делница беше во сопственост на Французинот Етјен Дагуинос (27 минути и четири секунди). Г.И.
ЕП ЗА ЖЕНИ ВО БРЗ И ВО ЗАБРЗАН ШАХ
Европските титули за Малцевскаја и за Ушенина
Александра Малцевскаја од Полска и Ана Ушенина од Украина се победнички на Европското првенство (ЕП) во брз, односно во забрзан шах за 2024 година, кое се одржа во Монте Карло. Прво се одигра еднодневниот турнирот во брз шах (три минути плус две секунди по секој потег). Во конкуренција на 126 шахистки од 28 европски федерации (девет ВМ, 13 ЖВМ), 12-та носителка, ИМ Малцевскаја (2.324 рејтинг-поени) по 13 кола освои 10,5 поени, среброто ѝ припадна на Украинката ВМ Ана Ушенина (2.329, 10-та), а бронзата на Швајцарката ВМ Александра Костењук (2.430, прва), и двете со по 10 поени, но Костењук имаше послаб дополнителен критериум.
На ЕП во забрзан шах (15 минути плус 10 секунди по секој потег) настапија 141 шахистка од 28 држави. По 11 кола во два дена, четири шахистки имаа ист број поени, по 8,5. Сепак, според дополнителниот критериум прва беше ВМ Ушенина (2.384, деветта), втора Шпанката ИМ Сарасадат Кадемалшариех (2.344, 12-та), а трета Украинката ИМ Јулија Осмак (2.306, 20-та).
На ЕП 2023 историски резултат постигна Костењук, освојувајќи двојно злато, во забрзан и во брз шах. Г.И.