Спортски вести

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ВУЕЛТА
Винегард се доближи до нов триумф на грантур-трка

Победникот на Тур де Франс, Јонас Винегард, постигна импресивна победа на 16-та етапа на велосипедската грантур-трка Вуелта во Шпанија и се искачи на второто место во генералниот пласман, пишува „Би-би-си“.
Данскиот велосипедист победи со 43 секунди разлика пред второпласираниот Фин Фишер-Блек, а со победата Винегард сега е на 29 секунди зад лидерот на трката, Сеп Кус од САД. Вчера на програмата беше 17-та етапата во должина од 124,5 километри.
Вкупен пласман по 16 етапи: Сеп Кус, Јонас Винегард (плус 29 секунди), Примож Роглич (плус 1:33 минута), Хуан Ајусо (плус 2:33 мин.), Енрик Мас (плус 3:02 мин.)… Н.М.


ФУДБАЛ
Пет репрезентации во октомври може да обезбедат пласман на ЕП

По седмото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година во Германија, закажано за октомври, пет репрезентации може да го обезбедат пласманот на континенталниот шампионат. Тоа се Австрија, Белгија, Франција, Португалија и Шкотска, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА).
Така, во групата А, Шкотска ќе се пласира ако ја победи Шпанија на гости или ако Норвешка не победи на гостувањето кај Кипар. Во групата Б, Франција ќе се квалификува ако ја совлада Холандија на гости или ако ремизира, а Грција загуби на гости кај Република Ирска. Австрија и Белгија играат меѓу себе во групата Ф и победникот ќе се пласира на ЕП. Во групата Ј, Португалија ќе се квалификува ако победи дома со Словачка или ако ремизира, а Луксембург загуби на гости од Исланд. Н.М.


ФУДБАЛ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП
Најизрамнета е групата Х

Групата Х од квалификациите за фудбалското Европско првенство (ЕП) в година во Германија е најизрамнета од сите 10 групи, откако еден бод е разликата меѓу четири репрезентации. По шест кола, во таа група води Словенија со 13 бода, колку што има и второпласираната Данска, а по 12 бода имаат Финска и Казахстан. Во првите мечеви во октомври се играат дерби-средби помеѓу тие селекции, и тоа Словенија – Финска и Данска – Казахстан. Израмнето е и во групата Ц, во која води Англија со 13 бода, а Италија, Украина и Македонија имаат по седум. Н.М.