Пред новата сезона во Формула 1, официјалната страница на натпреварувањето претстави некои моменти што се очекува да бидат во фокусот за време на сезоната. Така, на пример, Макс Ферстапен имаше извонредни перформанси во минатата сезона, вклучувајќи и враќање во Унгарија и во Белгија, но тој го пропушти она што можеше да биде втора победа по ред на трката Монако и уште не стигна до победа на Британското гран-при, пишува Ф1. Потоа, има неколку технички промени што треба да ги земат предвид тимовите, при што на подовите им треба редизајн. Шест од 10 тима имаат различни возачки состави за 2023 година, во која има тројца дебитанти, Ник де Вриј (Алфа Таури), Логан Сарџент (Вилијамс) и Оскар Пјастри (Мекларен), а Фернандо Алонсо ќе го донесе искуството, во отсуство на сега веќе пензионираниот Себастијан Фетел.
Големата награда на Лас Вегас во 2023 година е сосема нова трка во календарот и една од 24-те гранпри-трки во новата сезона, сезона за соборување рекорди. Во календарот има извонреден микс од стари трки, како Монако, Имола, Монца, Спа-Франкоршамп и Зандворт, и модерни арени, како што се Лусаил, Мајами и Сингапур, пишува Ф1. Не само што ќе има рекордни 24 трки туку и досега најмногу спринт-настани, вкупно шест. Спринтовите се трки од 100 километри што се одржуваат во саботите, обезбедувајќи акција во текот на викендот и одредувајќи го составот на старот на големата награда во неделите. Спринтови ќе има во Азербејџан, Австрија, Белгија, Катар, САД и во Бразил.
Патот до Ф1 ја игра својата најголема улога досега во 2023 година со рекордни 10 трки во Формула 3, заедно со 14 во Формула 2 во текот на годината, а на Ф2 и на Ф3 ќе им се придружи серијата Ф1 Академија за жени, која ќе дебитира во 2023 година, пишува Ф1.