АЛПСКО СКИЈАЊЕ – СВЕТСКИ КУП

Актуелната шампионка на Светскиот куп (СК) во алпско скијање, Микаела Шифрин (САД), со карактеристично моќна изведба победи на воведната трка сезонава, слалом возен во Леви (Финска). Ана Свен Ларсон (Шведска) беше втора, а Петра Влхова (Словачка) трета. Тоа беше петта победа за Шифрин на таа патека, со што се израмни со Влхова.
Победата, исто така, е нов чекор во потрагата на Американката да стане скијач со најмногу победи во Светскиот куп. Тоа беше 75-та победа за Шифрин, со што сега има седум помалку од женскиот рекорд на сонародничката Линдзи Вон и 11 помалку од рекордот на големиот Ингемар Стенмарк (Шведска).
Трките продолжија вчера, со вториот натпревар во Леви.


НАЈМНОГУ ПОБЕДИ ВО СК

Ингемар Стенмарк 86
Линдзи Вон 82
Микаела Шифрин 75
Марсел Хиршер 67
Анемари Мозер-Прел 62