Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ЏИРО Д’ИТАЛИЈА

Италијанецот Џонатан Милан со спринт стигна до победата на четвртата етапа, долга 190 километри, на велосипедската грантур-трка Џиро д’Италија, а Тадеј Погачар од Словенија го задржа своето водство во генералниот пласман. Милан (23) победи пред Австралиецот Каден Гроувс и Германецот Фил Баухаус во заеднички спринт. Тоа доаѓа еден ден откако Милан беше престигнат од Белгиецот Тим Мерлие во третата етапа. Двократниот шампион на Тур де Франс, Погачар, останува 46 секунди пред Герант Томас во генералниот пласман. Групата, во кој беа вклучени Погачар и Томас, фати мала отцепена група пред последните пет километри за да го постави очекуваниот спринтерски финиш. Вкупен пласман по четири етапи: Погачар (15 часа, 19 минути, пет секунди), Томас (плус 46 секунди), Даниел Мартинез (плус 47), Сиан Уијтдеброекс, плус 55), Ајнер Рубио (плус 56)… Н.М.