ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС

Мајкл Вудс победи на деветтата етапа на велосипедската грантур-трка Тур де Франс, а Тадеј Погачар, победникот на Тур де Франс во 2020 и во 2021 година, го намали водството на актуелниот шампион Јонас Винегард во генералниот пласман. Погачар дополни осум секунди од разликата до Винегард, со време од повеќе од осум минути побавно од Вудс. Погачар сега заостанува 17 секунди зад својот главен ривал за жолтата маичка. Вчера беше првиот слободен ден, а денеска се вози ридска етапа во должина од 167,5 км.

– Би било поубаво да не загубив време, но како што реков претходно, првата недела не ми одговараше. Според моето мислење има етапи што повеќе ми одговараат, така што тоа што сум во жолтата маичка по првиот блок-трки е добро за мене. Со нетрпение ги очекувам Алпите – рече Вингегард, пренесе „Би-би-си“.

Пласман по девет етапи: Јонас Винегард, Тадеј Погачар (плус 17 секунди), Џаи Хиндли (плус 2:40 минути), Карлос Родригез Кано (плус 4:22 минути), Адам Јејтс (плус 4:39 минути)…