ФОРМУЛА 1

Макс Ферстапен стигна до победата на трката во Формула 1 на патеката Силверстоун во Велика Британија, што е негова шеста победа во низа и за изедначен рекорд од 11 последователни триумфи за Ред бул, пишува „Би-би-си“. Ландо Норис го одби нападот на Луис Хамилтон по безбедносното возило доцна во трката за да го освои второто место. Со осмата победа на Ферстапен во 10 трки годинава, Ред бул го израмни рекордот на Мекларен од 1988 година. Нов рекорд може да биде постигнат на следната трка, во Унгарија, по две недели. Ферстапен беше недопирлив, откако го престигна Норис за водство во петтиот круг. Со оваа победа актуелниот првак Ферстапен води во шампионатот пред тимскиот колега Серхио Перез со 99 поени предност.