КУГЛАЊЕ – ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

Сашко Трпковски (КК Макпетрол A) во машка и Данче Наумовска (КК Мусандра) во женска конкуренција се кугларски прваци на градот Скопје за 2024 година, натпреварување што се одржа во кугларницата „Мусандра“ во Скопје, во два натпреварувачки дена. Во машка конкуренција настапија вкупно 19 куглари, а победникот Трпковски собори вкупно 1.197 кегли (601 во првиот ден и 596 во вториот ден). Второто место му припадна на Ибрахим Мемеди (КК Макпетрол A) со 1.164 кегли (606 и 558), а трет е Лазо Анастасов (ГТЦ Мусандра) исто така со 1.164 кегли (549 и 570), но со послаб резултат во т.н. чистење. Во женска конкуренција победничката Наумовска собори 1.052 кегли (541 и 511). Второто место според постигнатиот резултат го освои Биљана Гаврилова со 1.004 кегли (500 и 504), а трета беше Драгана Гаврилова со 997 соборени кегли (499 и 498). Г.И.