По 58-от триумф, се очекува нов напредок на Ѓорческа на листата на ВТА

ТЕНИС

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја освои 46-та титула во двојки, а вкупно 58. во кариерата, откако триумфира на турнирот во Сплит (Хрватска, вкупен награден фонд од 40.000 долари, се играше на земјена подлога), заедно со Вероника Ерјавец од Словенија.
Тие во финалето славеа на мечот со Тара Вурт (победничка на тој турнир во поединечна конкуренција) од Хрватска и Ника Радишиќ од Словенија со 6-1 и 6-4.
Според специјализираните страници за подготвување ранг-листи во живо, се очекува нов напредок на Ѓорческа на листата за двојки на Женската тениска асоцијација (ВТА) за шеесетина места (до околу 314-то место), но и на листата во поединечна конкуренција, за неколку места (до околу 213-то). Н.М.