ТЕНИС
Калин Ивановски (18) оствари нов најдобар пласман на листата на АТП и е на прагот на влез меѓу најдобрите 500 тенисери во светот, откако на ранг-листата објавена вчера е на 504-то место. Тоа е напредок за 30 позиции во однос на претходната листа. Ивановски сега има 72 поени, а 73 има тенисерот на 499-то место.
Новак Ѓоковиќ (7.070 поени) ја почна 375-та недела на врвот на листата на АТП, на која потоа следуваат Карлос Алкараз (6.730), Стефанос Циципас (6.195), Каспер Руд (5.765), Андреј Рублев (4.200), Рафаел Надал (3.815), Феликс Ожер-Алиасим (3.715), Тејлор Фриц (3.410), Холгер Руне (3.046), Хуберт Хуркач (2.995)…