Јан Непомнијашчи

Двајцата имаат по половина поен повеќе од најблиските на табелите

ШАХ – ТУРНИР НА КАНДИДАТИТЕ

Русинот Јан Непомнијашчи го презеде водството со три поени на Турнирот за кандидати за предизвикувач на светскиот првак, кој се игра во Торонто (Канада), откако во 4. коло го победи Индиецот Гујрати Видит. Тој сега има по половина поен повеќе од Американецот Фабиано Каруана и од Индиецот Домарају Гукеш. Непомнијашчи двапати победи на Турнирот за кандидатите.
Каруана освои пешак против Гукеш, но тоа не беше доволно и ремито беше неизбежно. Азербејџанецот Нијат Абасов не стекна предност против Французинот Алиреза Фирузја со бели фигури, а Американецот Хикару Накамура и Индиецот Прагнананда Рамешбабу ремизираа со повторување на потезите.
На турнирот за шахистки, Тан Жонгји од Кина води со три поени од четири партии. Таа со црни фигури ремизира со Русинката Катерина Лагно, а истото тоа го сторија уште и Русинката Александра Горјачкина на дуелот со Индијката Ваишали Рамешбабу и Ана Музичук со Леи Тингџие од Кина. Единствената победа по поразот во минатото коло ја оствари Нурѓул Салимова од Бугарија, која со бели фигури освои цел поен против Химпи Конеру од Индија, во 62-от потег.
Вчера беше првиот слободен ден на двата турнира, на кои се предвидени по 14 кола. Табела (мажи): Непомнијашчи три поени, Гукеш, Каруана по 2,5, Прагнананда два, Накамура, Фирузја, Абасов и Видит 1,5 поен. Табела (жени): Тан три, Горјачкина 2,5, Лагно, Ваишали, Салимова по два, Конеру, Тингџие, Музичук по 1,5 поен. Г.И.