Фото: Маја Јаневска-Илиева

ОДБОЈКА – БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА МЛАДИНЦИ

Македонската машка младинска одбојкарска репрезентација (играчи до 20 години) го освои шестото место на Балканското првенство (БП), во Врњачка Бања, Србија. Во последниот натпревар против Албанија, одбојкарите предводени од селекторот Ванче Санев, по голема борба загубија со 0-3 во сетови (20-25, 22-25, 21-25). Тоше Ефремов со 16 поени беше најдобриот македонски репрезентативец на овој дуел, Јован Милев освои 12, Филип Станков осум, Лука Јован Глигоров три, Лука Ристоски и Филип Грковски по два, додека Дамјан Миневски еден поен.
Македонија претходно во неизвесен меч ја совлада Молдавија со 3-2 во сетови (25-27, 30-28, 20-25, 25-21, 15-13). На овој дуел Ефремов освои дури 25 поени, Милев впиша 18, Станков девет, Глигоров осум, Миневски седум… Македонските надежи во второто коло загубија од Србија со 0-3 (15-25, 11-25, 9-16), а во првото од Грција со 0-3 во сетови (25-15, 25-11, 25-9), па со два пораза ја завршија групната фаза, по што играа за пласман од четвртото до седмото место во конечното рангирање. Г.И.