Денеска, на првиот ден, силите ќе ги одмерат Грција – Египет и Македонија – Јапонија
ОДБОЈКА – ПРОДОЛЖУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЕП
Македонската машка одбојкарска репрезентација продолжува со завршните подготовките за 33. Европско првенство (ЕП), група Ц, кое ќе се одржи годинава во Скопје (30 август – 6 септември).
Од денеска до недела, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи традиционалниот 47. по ред меморијален меѓународен турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“, на кој, покрај Македонија, ќе настапат репрезентациите на Египет, Јапонија и на Грција. Ова, секако, ќе биде нова убава можност да се провери сработеното досега и да се подигне формата на македонските репрезентативци под будното око на селекторот Јошко Миленкоски, но и нова можност македонската публика да присуствува на квалитетни натпревари. Влезот на турнирот е слободен. Г.И.
Петок
Грција – Египет 17.30 ч.
Македонија – Јапонија 20.15 ч.
Сабота
Јапонија – Грција 17.30 ч.
Македонија – Египет 20.15 ч.
Недела
Египет – Јапонија 17.30 ч.
Македонија – Грција 20.15 ч.