ПЛИВАЊЕ
Младата канадска пливачка, тинејџерката Самер Мекинтош (16), постави нов светски рекорд во трката на 400 метри слободно во Торонто, на националниот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство (СП) годинава. Актуелната светска вицешампионка ја исплива оваа далечина за 3:56,08 минути, соборувајќи го досегашниот планетарен рекорд на Австралијката Аријана Титмус за 32 стотинки.
– Искрено, не мислев дека е возможен нов светски рекорд, но никогаш не се знае – изјави Мекинтош, која треба да настапи уште и во трките на 200 метри мешано, слободно и делфин, како и на 400 метри мешано.
Тоа беше ново високо достигнување годинава за Мекинтош, која собори три јуниорски светски рекорди за три дена претходно овој месец. На Светското првенство лани во Будимпешта, Мекинтош освои злато на 200 метри делфин и на 400 метри мешано. Светското првенство во водни спортови годинава треба да се одржи во Фукуока, Јапонија, (14-30 јули). Г.И.