ОДБОЈКА
Машката репрезентација на Македонија за одбојкари до 18 години, предводена од селекторот Ванче Санев, го освои третото место на Балканското првенство (БП), кое се одржа во Тирана (Албанија). По почетната победа над домаќинот Албанија со 3-1 во сетови (25-20, 23-25, 25-19, 25-23), во вториот и во третиот меч Македонија загуби од Србија со 0-3 (14-25, 17-25, 19-25) и од Црна Гора со 0-3 (24-26, 17-25, 18-25), со што го освои бронзениот медал. Златниот медал го освои Србија, која сите три селекции ги совлада со максимални 3-0 во сетови, втора е Црна Гора, која забележа две победи и еден пораз, а четврта е Албанија. Македонски претставник на Балканијадата беше и судијата Александар Ричлиев. Г.И.