Фото: БФРМ

Македонскиот борач Владимир Егоров стана европски првак, совладувајќи го Алибас Рзазаде од Азербејџан со 10-0 во финалето на Европското првенство во Будимпешта, во категоријата до 57 килограми.

Егоров на патот до финалето беше подобар од Никлас Штехеле од Германија со 5-4 и од Манвел Ханџрстајан од Ерменија со технички нокаут (10-0).

Победата на Егоров се славеше во Штип каде што тој настапува за боречкиот клуб „Балканец“.

Штипјани имаа можност  да ја проследат финалната борба на видеобим на градскиот плоштад „Слобода“. Љубителите на овој спорт, како и членови на „Балканец“ и сите присутни ја прославија победата на Егоров.