Борачите до 20 години се екипно први, а селекциите до 15 и до 17 години во машка и во женска конкуренција се екипно трети
БОРЕЊЕ – БАЛКАНИЈАДА ЗА МЛАДИ ВО СКОПЈЕ
Македонските борачи до 20 години се екипно први, освојувајќи најмногу медали, а селекциите до 15 и до 17 години во машка и во женска конкуренција се екипно трети на Балканското првенство (БП), кое се одржа во Скопје.
Од репрезентацијата до 20 години со златни медали се закитија Арбен Сејди (категорија до 61 кг), Шаќир Бислими (до 95 кг) и Теодор Георгиев (до 125 кг), сребрени медали освоија Мелани Митевска (до 68 кг), Александар Миланов (до 70 кг), Дамјан Смилков (до 86 кг), Џахид Латифи, Мехмет Усеинов, Марија Цветанова (до 57 кг), Мелани Митевска (до 68 кг), Стефани Николова (до 72 кг), а бронзени медали Стефан Стојков (до 61 кг), Арон Николов (до 72 кг), Викторија Спасовска (до 55 кг).
Македонските репрезентациите до 17 години и до 15 години според бројот на медали се екипно трети и во машка и во женска конкуренција. Во категоријата до 17 години злато освои Фросина Атанасова (до 40 кг), сребро Марија Вељановска (до 40 кг), Нина Славевска (до 73 кг), Емир Речица (до 45 кг), Трим Исмаили, Омер Мемеди (до 92 кг), а бронза Мелани Митевска (до 61 кг), Мохамед Вајсели (до 65 кг) и Џахид Латифи.
Сребрени медали во категоријата до 15 години освоија Бојана Ковачова (до 50 кг) и Лука Ананиев (до 38 кг), а бронзени Анастасија Трајчева (до 50 кг), Абдурахман Ганиу (до 38 кг), Андреј Мишев (до 41 кг), Дардан Бела (до 52 кг), Мердијан Џелили (до 62 кг), Зоран Шоров (до 68 кг) и Филип Тодоров (до 68 кг).
На БП беа пријавени 515 борачи од 10 земји (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Молдавија, Романија, Бугарија, Грција и Косово), и тоа 234 во возрасната категорија пионери (до 15 години), 163 кадети (до 17 год.) и 118 јуниори (до 20 год.). Г.И.