Борачот Владимир Егоров во машка и стрелачката Оливера Наковска-Бикова во женска конкуренција се најдобри спортисти на Македонија во 2022 година во изборот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), а во соработка со Сојузот на спортови на Македонија (ССМ). Егоров го освои златниот медал на Европското првенство (ЕП) во Будимпешта (категорија до 57 кг), додека Наковска-Бикова се закити со златни медали на Светското првенство (СП) во Ал Аин (дисциплината П4 пиштол слободен избор) и на ЕП во Хамар (воздушен пиштол на 10 метри) во парастрелаштво, и засега е единствна од Македонија што обезбеди норма за настап на Параолимписките игри (ПОИ) во Париз во 2024 година.
За најуспешна федерација е прогласена Ракометната федерација на Македонија (РФМ), најуспешен селектор е Дејан Митровски (кикбокс), најдобар млад спортист е боксерот Петар Арсовски, најдобра млада спортистка е кикбоксерката Јадранка Темелкова. Кирил Лазаров (ракомет) и Горан Пандев (фудбал) добија награди за нивните величествени спортски кариери. најдобри на­ци­о­на­лни тимови се се­ни­ор­ските ра­ко­мет­ни ре­пре­зен­та­ци­и мажи и жени, најуспешни спортски екипи се Ка­ра­те-ти­мот на УКИМ (уни­вер­зи­тет), СОУ „Ни­ко Не­стор“ – Стру­га (сред­но) и ОУ „Ва­сил Гла­ви­нов“ – Ве­лес (ос­нов­но), признанија за под­виг на го­ди­на­та добија Мар­ко Пеј­чи­нов­ски (пли­ва­ње) и Ха­рис Бе­ќи­ри (еве­ре­стинг). Г.И.