Фото: Федерација на коњички спортови на Македонија

Изминатиов викенд на хиподромот во Маџари, на теренот на клубот за коњички спорт Илинден, се одржа шестото коло од отвореното Првенство на Македонија во прекокнување на пречки, како и второто коло од Купот на Македонија во прескокнување на пречки за година во пет класи, при што најуспешни беа Леонида Гроздановска од клубот Анималс и Петар Милошевски од клубот Бравадос со по две победи. Останува уште третото коло од Куп-првенството што ќе се одржи на 4 ноември, кога ќе се поделат сите одличја, пехари и медали на првите тројца во генераланиот пласман за годинава.

Во второто коло во Купот на Македонија се постигнаа следниве резултати.
Во КЛАСАТА Е (висина 0,7 м.-/0,9 м., ширина), победи Лена Ефтимовска со грлото „Војвотка“ од КК Анималс, пред Петра Мурговска со грлото „Куакс“ и Никита Јоновски со грлото „Куакс“ и двајцата од КК Бравадос.

Во КЛАСАТА Д (висина 0,8 м.-/1,1 м., ширина), триумфираше Марта Димитриевиќ со грлото „Калатус“, пред Горјан Атанасовски со грлото „Змеј“ и двајцата од ККС Илинден, додека трета е Калина Колевска со грлото „Прешес“ од КК Анималс.

Во КЛАСАТА Ц (висина 1 м.-/1,2 м., ширина), најдобра беше Љупка Аврамовиќ со грлото „Колпо Гросо“ од КК Бравадос, додека второ и трето место освои Леонида Гроздановска со грлото „Валентино“, односно „Џилдан“ од КК Анималс.

Во КЛАСАТА Б (висина 1,1 м.-/1,3 м., ширина), најуспешна беше повторно Леонида Гроздановска со грлото „Кардино“, а втора Меланија Атанасовска со грлото „Влеуд“ од ККС Илинден.

Во КЛАСАТА А (висина 1,2 м.- 1,4 м. ширина) прво место за Петар Милошевски со грлото „Надја“ од КК Бравадос.

Во шестото коло на отвореното Првенство на Македонија се постигнаа следниве резултати.

Во КЛАСАТА Е (висина 0,7 м.-/0,9 м., ширина), победи Горјан Атанасовски со грлото „Змеј“ од ККС Илинден, пред Никита Јоновски со грлото „Куакс“ од КК Бравадос и Петра Мурговска со „Куакс“.

Во КЛАСАТА Д (висина 0,9 м.-/1,1 м., ширина), прва е Сандра Маслинко со грлото „Еландо“ од КК Анималс, втор Горјан Атанасовски со грлото „Змеј“ од ККС Илинден, а трета Матеа Димовска со грлото „Нур“ од КК Анималс.

Во КЛАСАТА Ц (висина 1 м.-/1,2 м., ширина), триумф на Леонида Гроздановска со грлото „Валентино“ од КК Анималс, пред Марта Димитриевиќ со грлото „Калатус“ од ККС Илинден и Љупка Аврамовиќ со грлото „Колпо Гросо“ од КК Бравадос.

Во КЛАСАТА Б (висина 1,1 м.-/ 1,3 м., ширина), прва е Меланија Атанасовска со грлото „Влеут“ од ККС Илинден, втора и трета е Леонида Гроздановска со грлото „Џилдан“, односно „Карадино“.

И во КЛАСАТА А (висина 1,2 м.- 1,4 м., ширина), победи Петар Милошевски со грлото „Надја“, а втора беше Меланија Атанасовска со грлото „Влеут“. Г.И.