Фото: ЕПА

Трките во Кина, Мајами, Австрија, Остин, Сао Паоло и во Катар се шесте гранпри-трки што ќе бидат домаќини и на спринт-трки во Формула 1 (Ф1) во 2024 година, пишува „Би-би-си“.
За време на дискусиите на состанокот на комисијата на Ф1 во ноември имаше севкупна поддршка за ажурирање на форматот на спринтот за 2024 година, за дополнително рационализирање на викендот со одвојување на активностите на спринт од оние за гранпри-трката, а спортскиот советодавен комитет ќе работи преку конкретни детали, за конечниот предлог да биде претставен до комисијата на Ф1 за првиот состанок во 2024 година, по што ќе бидат објавени сите потенцијални промени во форматот на спринт-трките, пишува Формула 1 на својата интернет-страница. Од неговото воведување во 2021 година, спринтот имаше позитивно влијание врз бројките на публика, особено во петоците во споредба со редовните тренинзи, и им обезбеди на промотерите и на гледачите дополнителна натпреварувачка акција на патеката на шесте настани, пишува Ф1.
Првиот спринт во 2024 година ќе се одржи на големата награда на Кина од 19 до 21 април, а потоа е спринтот од 3 до 5 мај, во Мајами, кој исто така првпат е домаќин на спринт-настан. Преостанатите четири трки во претходните години одржаа спринтерски трки. Во Австрија треба да се вози од 28 до 30 јуни, во Остин од 18 до 20 октомври, во Сао Пауло од 1 до 3 ноември и во Катар од 29 ноември до 1 декември, пишува „Би-би-си“. Н.М.