Фото: ЕПА

Алкараз има шест победи и еден пораз во финалиња на мастерс-турнирите 1.000 и 4-0 на гранслем-турнирите. Неговите единствени два пораза во финалиња за „големите титули“ беа од Ѓоковиќ (лани на ЛОИ и во финалето во Синсинати во 2023 година), пишува АТП

ТЕНИС

Кога влогот е највисок, Карлос Алкараз продолжува да победува, откако Шпанецот сега има 10 победи и два пораза во финалиња за т.н. „големи титули“ во тенисот, пишува Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП). Тој во неделата го совлада Лоренцо Музети со 3-6, 6-1, 6-0 за трофејот на мастерс-турнирот од серијата 1.000 во Монте Карло.
Алкараз напредуваше на најголемите сцени, постигнувајќи ефект од шест победи и еден пораз во финалиња на мастерс-турнирите 1.000 и 4-0 на гранслем-турнирите. Неговите единствени два пораза во финалиња за „големите титули“ беа од Новак Ѓоковиќ, во минатата година во натпреварот за златен медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз и во финалето на турнирот во Синсинати во 2023 година, пишува АТП.
Ниту еден друг тенисер не го победил Алкараз во меч за трофеј на таква сцена, а Алкараз сега има резултат од 18-5 во финалињата на ниво на турнеја вкупно и сега има најмалку една „голема титула“ (гранслем-првенства, трофеи на АТП-финале, мастерс-турнирите 1.000 и олимписки златни медали во сингл) во четири последователни сезони, пишува АТП.
Алкараз сега има шест мастерс-титули 1.000 и е изедначен за 10-то место за најмногу титули на тие турнири во историјата со Данил Медведев. Ѓоковиќ има рекордни 40 титули на мастерс-турнирите 1.000. Од активните играчи само Ѓоковиќ (40) и Александар Зверев (седум) имаат повеќе мастерс-трофеи од Алкараз. Н.М.