Гамбит Асеко СЕЕ

Македонските шаховски претставници на 34. Европски клупски куп (ЕКК), кој се одржува во Порто Карас (Грција), Алкалоид (рангиран прв, со просечен рејтинг 2.741 поени) и Гамбит Асеко СЕЕ (рангиран 27-ми, со просечен рејтинг 2.363 поени), остварија променлив успех во 6-то (претпоследно) коло.

Во дербито на колото Алкалоид го доживеа првиот пораз со 2,5-3,5, но се чини во најнезгоден момент од норвешката екипа Валеренга (рангирана 5-та), каде игра и актуелниот светски првак Магнус Карлсен. Кобен беше поразот на Русинот Дмитри Андрејкин на третата табла, додека останатите партии завршија со реми. Со овој пораз „фармацефтите“ ги намалија шансите за еден од медалите, па така се` ќе зависи од настапот во последното коло, во кое ќе ги одмерат силите со израелски Бер Шева (рангиран 8-ми), но и од резултатите на останатите конкуренти за медал.

Затоа пак, нова трета, но вредна победа, забележа вториот македонски претставник на ЕКК, Гамбит Асеко СЕ, кој против израелски Реховод (рангиран 25-ти), противник приближно на неговата сила, славеше со 3,5-2,5. Цел поен кај скопјани освоија Петар Арнаудов и Љубиша Андоновски. Со оглед на противникот во последното коло, англиски Вуд Грин (рангиран 29-ти), Гамбит Асеко Сее е на одличен пат да го оствари својот најдобар пласман на ЕКК.

Во пресрет на утрешното последно коло, Алкaлоид е на седмата позиција со девет бода (четири победи, едно реми и еден пораз), колку што имаат уште три екипи, додека Гамбит Асеко СЕЕ со осум бода (три победи, две ремија и еден пораз), моментно е на одличното 13-то место. Води Валеренга со 11 бода.

ШК Алкалоид

(6) ВЛЕРЕНГА – (1) АЛКАЛОИД 3,5-2,5

ВМ Карлсен (2.839) – ВМ Динг (2.804) реми (57. потег)

ВМ Ховел (2.689) – ВМ Ју (2.756) реми (92)

ВМ Гранделиус (2.655) – ВМ Андрејкин (2.723) 1-0 (88)

ВМ Тари (2.618) – ВМ Јаковенко (2.752) реми (31)

ВМ Предојевиќ (2.616) – ВМ Елјанов (2.703) реми (30)

ВМ Ромнов (2.614) – ВМ Криворучко (2.697) реми (37)

(27) ГАМБИТ АСЕКО СЕЕ – (25) РЕХОВОТ 3,5-2,5

ВМ Арнудов (2.542) – ИМ Д. Городетски (2.452) 1-0 (51)

ИМ Данчевски (2.358) – ИМ Вејнберг (2.386) 0-1 (48)

ИМ Николовски (2.369) – ФМ Прхов (2.331) реми (67)

ФМ Стојчевски (2.384) – ФМ Галбурд (2.358) реми (41)

ФМ Динев (2.284) – ИМ Михалевски (2.430) реми (33)

ФМ Андоновски (2.287) – М. Городетски (2.221) 1-0 (34)

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ 6-ТО КОЛО

(2) Нови Бор – (6) Падова 3-3

(7) Молодежка – (9) Итака 4-2

(22) Нордстранд – (4) Медни Всадник 1-5

(15) Дунајска Стреда – (3) Одлар Јурду 0,5-5,5

(8) Бер Шева – (17) Тесалоникис 4,5-1,5

(21) Еунатен – (16) Ахен 4-2

(26) Овертајм – (19) Рејкјавик 3-3

ТАБЕЛА

1. Валеренга 11 бода (24 по табли)

2. Падова 10 (10 (26)

3. Нови Бор 10 (26)

4. Медни Всадник 10 (26,5)

5. Молодежка 10 (28)

6. Одлар Јурду 9 (28,5)

7. Алкалоид 9 (25,5)

13. Гамбит Асеко СЕЕ 8 (19,5)

ДВОЈКИ, ПОСЛЕДНО 7-МО КОЛО

(4) Медни Всадник – (5) Валеренга

(6) Падова – (7) Молодежка

(3) Одлар Јурду – (2) Нови Бор

(1) Алкалоид – (8) Бер Шева

(9) Итака – (21) Еунатен

(22) Нордстранд – (24) БСГ

(29) Вуд Грин – (27) Гамбит Асеко СЕЕ