РАКОМЕТ – БАРАЖ ЗА СП 2025
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) извести дека влезниците за бараж-мечот за пласман на Светското првенство (СП) в година, со селекцијата на Фарските Острови, на 12 мај (од 19 часот, СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје), се пуштени во продажба, по цена од 200 и 300 денари. Влезниците можат да се набават онлајн на интернет-страницата на МК тикетс, но и да се купат на сите продажни места на МК тикетс во Македонија. Првиот меч на Македонија со Фарските Острови е во Торшавн, на 8 мај. СП 2025 ќе се одржи во Хрватска (Загреб, Вараждин и Пореч), Данска (Хернинг) и во Норвешка (Осло), со учество на 32 репрезентации, а финалниот дуел е во Осло. Македонија игра за деветти настап на ракометните мундијали. Г.И.