Унгарија, Франција и Норвешка се пласираа во полуфиналето, а за четвртиот учесник во директен дуел денеска одлучуваат Данска и Холандија. Носителите на медали на ЕП 2024 ќе обезбедат пласман на Светското првенство в година
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ
Репрезентациите на Унгарија и на актуелниот светски првак Франција од групата 1, како и актуелниот европски шампион Норвешка од групата 2 се првите полуфиналисти на Европското првенство (ЕП) за ракометарки, чија завршница ќе се игра во Виена (Австрија). Четвртиот патник во полуфиналето ќе биде познат денеска, по одигрувањето на третиот натпревар од втората фаза во групата 2, во кој меѓусебно одлучуваа Данска и Холандија.
Првиот од групата 1 ќе игра со второпласираниот од групата 2, а второпласираниот од групата 1 со Норвешка (двете полуфинални средби се задутре). Победниците ќе играат во големото финале, поразените за бронзениот медал, а двата меча се в недела. Носителите на медали на ЕП 2024 ќе обезбедат директен пласман на Светското првенство (СП) в година, кое треба да се игра во Германија и во Холандија.
За пласман во мечот за петтата позиција на ЕП 2024, од групата 1 шанси имаа Црна Гора, Шведска и Романија (играа синоќа), а од групата 2 ќе игра поразениот од дуелот Данска – Холандија. Досега во статистичките податоци и понатаму најефикасен е словенечкиот лев бек Тјаша Станко со 45 гола (68,2 отсто на успешност). Нејзината сонародничка Маја Војнович е најуспешна голманка со 60 одбрани (30,5 отсто), а најсилен шут кон голот упати романскиот лев бек Марија Базалиу (114,26 к/ч.). Г.И.
Група 1
Романија – Полска синоќа
Унгарија – Франција синоќа
Шведска – Црна Гора синоќа
ТАБЕЛА
Унгарија 4 4 0 0 8
Франција 4 4 0 0 8
Црна Гора 4 2 0 2 4
Шведска 4 1 0 3 2
Романија 4 1 0 3 2
Полска 4 0 0 4 0
Група 2
Словенија – Германија 15.30 ч.
Данска – Холандија 18 ч.
Швајцарија – Норвешка 20.30 ч.
ТАБЕЛА
Норвешка 4 4 0 0 8
Данска 4 3 0 1 6
Холандија 4 3 0 1 6
Словенија 4 1 0 3 2
Германија 4 1 0 3 2
Швајцарија 4 0 0 4 0