Како и изминатите сезони, така и по завршувањето на сезона 2023/24, од школата за ракомет, во пионерските екипи кои функционираат во Скопје и Велес се префрлени 30-тина момчиња и девојки на возраст од 12/13, па и 14 години, и истите во иднина треба да ги надградуваат своите знаења на ракометен терен со димензии 40х20 и да создаваат искуство низ учество во пионерските лиги во машка и женска конкуренција, во организација на Ракометната Федерација на Македонија. Ние како организација, немаме услови за формирање на пионерски селекции, но имаме соработка со клубовите кои функционираат во Скопје и Велес. На тој начин, школата за ракомет, функционира како расадник за млади ракометни фиданки, кои понатаму својот потенцијал ќе го развиваат во ракометните клубови, вели Ѓоргоноски
Под мотото „Откриј го својот афинитет, надгради го талентот“ и отворање на школи за ракомет на две нови локации во Населба Ново Лисиче и Општина Карпош, проектот „Ракомет за секое дете“, во чиј склоп функционира и школата за ракомет „Топка“, ја стартуваше четвртата сезона, овозможувајќи им на децата на возраст од 6 до 12 години на територија на Град Скопје и Општина Велес да го откријат афинитетот за ракометот како спорт, но и да го надградат својот талент за истиот.
Проектот „Ракомет за секое дете“ својот старт го имаше во септември 2021 година, а во моментов е најголема и најдобро организирана школа за ракомет во државата. Исто така, проектот во својата генеза, покрај создавање услови за секое дете да ги покаже своите афинитети и надгради својот талент, има мисија да овозможи развој на натпреварувачки дух, но и да овозможи дружење и социјализација на членовите на школата. Многу важен дел од функционирањето на школата за ракомет е работата со децата од најрана возраст, со цел навремен развој на моторички способности, координација, агилност и брзина кај истите, како во иднина тие исти деца би продолжиле, во напредните групи да навлегуваат подлабоко во тајните на ракометот како спорт.
И оваа сезона, покрај тренинзите кои се предвидени во две возрасни категории на повеќе локации во Скопје и Велес, со специјална програма за различни возрасти на деца, предвидено е да продолжи и Јуниор куп, турнирски систем на натпреварување во мини ракомет, наменет за членовите на школата. Покрај вообичаените турнири на месечно ниво, во текот на годината, организаторот на проектот, агенцијата КМГ Спорт, и оваа најавува организирање на Роденденски Турнир со најголема роденденска торта, Новогодишен турнир со пакетче за секое дете и завршен турнир каде организаторот ќе обезбеди сертификат за секое дете.
– Со стартот на учебната година стартуваа и школите за ракомет во Скопје и Велес, оваа година надградени и проширени на уште две локации во ООУ „Александар Македонски“ во Ново Лисиче и „Јан Амос Коменски“ во Општина Карпош. Свесни за потребата да бидеме присутни на повеќе локации, со цел да овозможиме што повеќе деца од најрана возраст да имаат можност, првенствено, да се запознаат со ракометот и да го откријат својот афинитет кон овој спорт, но подоцна и да го надградат сопствениот талент за истиот, се обидуваме секоја година да отвораме по една или две школи на различни локации. Со помош на родителите и партнерите на проектот, на кој им сме благодарни, се трудиме да го одржиме и подигнеме на повисоко ниво квалитетот на функционирање на школата и целиот проект, што не е нималку едноставно. Целта е јасна, децата да влезат во сала и да се задржат што повеќе во неа, дел од нив да се формираат во здрави личности корисни за општеството, а дел и да продолжат да се занимаваат со спорт и да достигнат височини на врвни спортисти и репрезентативци – вели Горан Ѓоргоноски, координатор на проектот „Ракомет за секое дете“ и менаџер на „КМГ Спорт“.
Школата и оваа година ќе продолжи да се надградува, па така покрај тренинзите, како неизоставен дел, планирани се предавања во однос на здрав начин на живот, едукација во сегментот на здрава храна и едукативни работилници во делот на спортска психологија.
Минатата година школата, како дел од проектот „Ракомет за секое дете“, е застапена во скопските општини Карпош, Аеродром (Населбите лисиче и Ново Лисиче) Кисела Вода и Општина Велес. Школата во моментов брои повеќе од 250 членови, со кои работат седум тренери, професори по физичка култура и поранешни ракометари.
– Како и изминатите сезони, така и по завршувањето на сезона 2023/24, од школата за ракомет, во пионерските екипи кои функционираат во Скопје и Велес се префрлени 30-тина момчиња и девојки на возраст од 12/13, па и 14 години, и истите во иднина треба да ги надградуваат своите знаења на ракометен терен со димензии 40х20 и да создаваат искуство низ учество во пионерските лиги во машка и женска конкуренција, во организација на Ракометната Федерација на Македонија. Ние како организација, немаме услови за формирање на пионерски селекции, но имаме соработка со клубовите кои функционираат во Скопје и Велес. На тој начин школата за ракомет, функционира како расадник за млади ракометни фиданки, кои понатаму својот потенцијал ќе го развиваат во ракометните клубови – заврши Ѓоргоноски.
Проектот „Ракомет за секое дете“ вообичаено завршува со одржување на ракометниот камп „40х20“, кој традиционално на крајот на јуни или почетокот на јули се одржува во Охрид, а на истиот учествуваат децата од школата за ракомет, деца од останатите школи и клубови од Македонија, но и деца од Шведска, Шпанија, Србија, Турција и останатите европски држави.