Ракометната репрезентација на Македонија се најде во вториот барабан за ждрепката од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година, кое ќе се игра во Германија. Покрај домаќинот пласман на првенството изборија и бранителот на трофејот Шведска, односно Шпанија и Данска.
Покрај Македонија, во вториот барабан се наоѓаат: Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија и Украина.
Ждрепката ќе се влече на 31 март во 18 часот.
Пласман на ЕП 2024 ќе изборат најдобрите две селекции од секоја, од осумте групи и четири најдобри третопласирани екипи.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги исклучи Русија и Белорусија од квалификациите поради воените дејствија во Украина.
Барабан 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија
Барабан 2: Македонија, Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина
Барабан 3: БиХ, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција
Шешир 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург