Ракометната репрезентација на Македонија на 2 јули ќе ги дознае имињата на ривалите, против кои ќе игра на Светското првенство во Полска и Шведска.
Ждрепката, Македонија, ќе ја чека од вториот барабан, заедно со Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска. Тоа значи дека македонските ракометари нема да можат да играат во првата фаза против овие репрезентации.
На Мундијалот 32 репрезентации ќе бидат распределини во осум групи, од по четири селекции.
Барабан 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1
Барабан 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија
Барабан 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3
Барабан 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2