Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да пружи силен отпор против домаќинот на континенталното првенство, фаворизираната Германија, од која загуби со 25-34 (13-18) во натпреварот одигран вечерва во Берлин.

Силниот ривал беше во постојано водство со што стигна до највисоките девет гола разлика во второто полувреме.

Најефикасен кај црвено-жолтите беше Ненад Костески со шест гола, а по четири постигнаа Томислав Јагуриновски и Жарко Пешевски, додека кај противникот се истакна Јури Кнор со 10 погодоци.

Фото: РФМ

Франција и Швајцарија претходно одиграа нерешно 26-26, во рамките на групата А во која е и Македонија.

Избраниците на Кирил Лазаров во првиот дуел на турнирот беа поразени од актуелниот олимписки првак Франција со 29-39, со што останаа без шанси за пласман во вториот круг од ЕП.

Германија е водечка со четири бода, пред Франција со три, додека Швајцарија има еден, а Македонија е освоен бод. Понатаму одат водечките две селекции од групата.

Македонските ракометари во вторник ќе се сретат со Швајцарија (од 18 часот) во последниот дуел од воведната групна фаза.

Фото: РФМ