Во 15-тото коло од женската ракометна супер лига ракометарките на ЖРК Куманово
вечерва на домашен терен ја совладаа екипата на ЖРК Кузман Вардар-Илинден со 44:8 (24:2) со што ја постигнаа и својата 15-та последователна победа во првенството со која што и понатму останаа на челната позиција на табелата.

Ракометарките на Куманово на вечерашниот натпревар кој пак поради забраната за
присуство на гледачи на спортските натпревари се одигра без публика максимално ја искористија предноста на домашниот терен но истотака и далеку поквалитетниот ростер во однос на гостинската екипа на ЖРК Кузман Вардар-Илинден од Скопје иочекувано лесно и убедливо извојуваа уште една победа во низа (петнаесетта по ред) со што и понатаму заедно со екипата на ЖРК Металург од Скопје остануваат најсериозни кандидати во трката за освојување на шампионската титула во оваа
натпреварувачка сезона.

Домашните ракометарки на Куманово победата на вечерашниот натпревар ја најавија уште во првото полувреме кое што убедливо го добија со позитива од +22 гола разлика (24:2) за да потоа во вториот дел од натпреварот со рутинска игра на крајот стигнат до својата петнаесетта првенствена победа.

Најефикасни ракометарки во победничката екипа на Куманово беа Александра Боризовска со 8 и Мила Трајковиќ со 6 голови додекапак кај гостинската екипа на ЖРК Кузман Вардар-Илинден , Анастасија Ѓорѓиева, Мила филипова и Матеа Спасовска со по 2 постигнати голови.      Т.Д.